Свет Свет Боко харам уби 30 лица на северот на Нигерија

Боко харам уби 30 лица на северот на Нигерија

Најмалку 30 лица се убиени во нападите на екстремистичката група Боко харам извршени во две села на североистокот на Нигерија, јавуваат очевидци.

Како што пренесуваат странските агенции, напаѓачите на мотори и во повеќе возила дошле во селата Качифа и Јакари и убиле триесетина селани.

Еден од очевидците, припадник на локалната милиција, која ѝ помага на нигериската војска во борбата против Боко харам, навел дека екстремистите исто така и ги ограбиле селата.

Боко харам, која е основана во 2002 година, се бори за воведување муслиманско шеријатско право и исламски школи во Нигерија.