Свет Боко харам досега убила повеќе од 7.300 цивили

Боко харам досега убила повеќе од 7.300 цивили

Повеќе од 7.300 цивили од Нигерија и од соседните држави се убиени во нападите на исламистичката организација Боко харам, кои почнаа на почетокот од минатата година, соопштија Обединетите нации, наведувајќи дека околу 1.000 од жртвите се убиени годинава.

Според податоците на ОН, во нападите на Боко харам се уништени повеќе од 300 училишта, а во деловите кои се под нивна контрола, работат само 40 отсто од здравствените институции.

Советот за безбедност на ОН подготвува резолуција која која треба да овозможи праќање мултинационални сили кои ќе се борат против екстремистичката група.
Од мај 2013 година во регионите под контрола на Боко харам, досега се раселени околу 1,5 милион луѓе.