Македонија Бојкотот на средношколците продолжува

Бојкотот на средношколците продолжува

„Средношколски пленум“ соопшти дека бојкотот на наставата и средношколскиот фронт пред Министерството за образование и наука проложуваат и оваа недела, јавува „Радио Слободна Европа“.

Од пленумот на средношколците наведуваат дека на последната средба од преговорите со Министерството, која се одржа минатиот четврток, не бил постигнат никаков договор.

Моменталната состојба на преговорите била полагање на државна матура по стариот концепт само оваа година и продолжување на екстерното тестирање, што не е прифатливо за средношколците кои загубија од својата настава веќе еден месец.