Македонија Бојчевски: Останува планот за изградба на крстот во Бутел

Бојчевски: Останува планот за изградба на крстот во Бутел

Неколку стотини луѓе денеска повторно се собраа на протест пред зградата на Министерството за внатрешни работи, каде побараа од министерот Оливер Спасовски да постави полициско обезбедување на кружниот тек во општина Бутел за да може непречено да продолжи изградбата на 55-метарскиот крст.

Денешниот протест, како што пренесува „Радио Слободна Европа“, бил предводен од градоначалникот на општината, Петре Латиновски, а меѓу присутните бил и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.

Претседателот на Советот на Општина Бутел, Бојчевски, рекол дека и понатаму останува планот за изградба на крстот и дека ќе ги преземат сите мерки што ќе ги побара донаторот, односно Светскиот македонски конгрес.