Свет Блек: Ако падне Дамаск, ИД ќе тргне на Европа

Блек: Ако падне Дамаск, ИД ќе тргне на Европа

Американскиот сенатор Ричард Блек смета дека светот ќе се соочи со катастрофални последици доколку припадниците на Исламска држава го освојат главниот град на Сирија.

Блек во изјава за телевизијата „Раша тудеј“ рече дека е особено загрижен за судбината на Дамаск, Блискиот Исток и на Европа.

– Ако Дамаск падне, црното знаме на Исламската држава ќе полета. За неколку месеци ќе ги нападнат Јордан и Либан, по што џихадистите ќе тргнат кон Европа – наведе Блек.

Сенаторот од Вирџинија минатата година испрати писмо во кое им се заблагодари на властите на Сирија за ефикасната воена кампања за ослободување на селата на границата со Либан, во кои живеат христијани.

– Ако ја погледнете историјата на американското учество во војните во Сирија, Ирак и на Балканот, ќе видите дека христијаните биле на најголем удар. Христијаните кои повеќе од илјада години живееја на Косово се целосно протерани – рече Блек.