Македонија Благодарници за германскиот тим кој помагаше во гаснењето на пожарите во земјава

Благодарници за германскиот тим кој помагаше во гаснењето на пожарите во земјава

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со амбасадорката на Германија во земјава, Петра Дрекслер, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал - тим од Германија со два ПП авиона „ер трактор“ кои помогнаа до справувањето со пожарите

Фото: ЦУК

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во С.Р. Македонија, Н. Е. Петра Дрекслер, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим од Германија со два ПП авиона „ер трактор”, кои помогнаа до справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија.

Фото: ЦУК

Притоа, Ангелов, искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка согласно можностите и потребите на двете земји при справувањето со кризните ситуации во наредниот период.

Ангелов и Дрекслер, заедно им врачија пригодни благодарници и скромен подарок за спомен на нивната мисија за воздухопловна противпожарна помош при справувањето со пожарите на отворено од поголеми размери во Македонија.