Дописници Битолчани вечерва на протест за враќање на Офицерскиот дом на Општината

Битолчани вечерва на протест за враќање на Офицерскиот дом на Општината

Битолчани вечерва излегуваат на мирен протест за враќање на Офицерскиот дом во трајно владение на Општината. Протестот закажан за 18 часот го организираат опозициските партии во Советот на општина Битола, со поддршка на граѓански организации и, како што велат, сите слободоумни граѓани кои се против раскрчмувањето на културното наследство на градот.

Опозицијата на 1 февруари до Советот достави барање за свикување вонредна седница за враќање на Офицерскиот дом во трајна сопственот на Општината со забрана за отуѓување. Одговорот од владејчкото мнозинство го чекаат за 15 дена.

– Ги повикуваме сите битолчани да ни се придружат вечерва на мирниот протест пред Офицерскиот дом. Бараме од Владата да издвои пари од државниот буџет за реконструкција на објектот и да донесе одлука овој објект, како вреден и значен дел од културното наследство на Битола, да не се продава, јасно да се стави забрана за продажба – вели Зоран Стојчевски, советник на СДСМ во Битола.

Опозициската ЛДП од Битола ги повика битолчани да бидат претпазливи на следните парламентарни избори, зошто не верува дека Греувски и „фамилијата“ се откажале од продажбата на Офицерскиот дом, туку дека изјавата на поранешниот премиер е само предизборен популизам.

– Како што не може на Грк да му се верува кога ти дава подарок, така и на Груевски не треба да му се верува дека се откажал од продажбата на Офицерскиот дом во Битола – вели Александар Касапов, советник на ЛДП во Битола.