Дописници Битолчани со графити против загадувањето

Битолчани со графити против загадувањето

„Препорака – не умирајте од рак – Општина Битола“. Ова е само еден од графитите што осамнаа деновиве на Широк сокак спроти Офицерскиот дом во Битола, откако градот веќе една недела се задушува во смог и е едно од најзагадените места во Европа, јавува дописникот на „Мета“ од Битола.

Битолчани регираат дека Општината не презела мерки против загадувањето туку деновиве испраќа само препораки до граѓаните како да се однесуваат во најзагадените денови. Две години по ред битолчани протестираа против загадениот воздух, се потпишаа меморандум меѓу невладините и Општината, се правеа лабораториски анализи, но конкретни чекори не се преземени.

Битолскиот градоначалник во претходните изборни кампањи ветуваше и топлификација и гасификација на Битола кои требаше да бидат готови до крајот на оваа година.