петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: графит | 9 резултати

Албанија го осуди и бара истрага за графитот со говор на омраза во Битола

јануари 19, 2018

Министерството за Европа и за надворешни работи на Албанија денеска го осуди говорот на омраза кон Албанците, во графит на јавен простор во Битола и побара од македонските власти да го истражат случајот. Станува збор за графитот на фасада на зграда во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со […]

Судот го отфрли обвинението против адвокатот Стеваноски и за графитот „Кај ви е хилтата?“

февруари 3, 2017

Основниот суд Прилеп го отфрлил и второто обвинение против адвокатот и еден од водачите на „Шарената револуција“ во градот, Жарко Стеваноски, поради испишувањето на графитот „Кај ви е хилтата?“ на асфалтот пред старата зграда на Општина Прилеп на 18 мај минатата година, пренесува порталот „Публикум“. Прилепската полиција го товареше Стеваноски дека графитот што го испишал на […]

Адвокатот Стеваноски тужи директор за клеветење на „Шарената револуција“

јануари 24, 2017

Адвокатот Жарко Стеваноски поднел кривична пријава против директорот на прилепското Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови Прилеп, обвинувајќи го дека ја злоупотребил службената положба со тоа што подготвил неточен извештај што го поднел во Општина Прилеп, а во кој обвинил дека како последица на протестите на „Шарената револуција“ одделението за јавен паркинг и одделението […]

Битолчани со графити против загадувањето

ноември 25, 2016

„Препорака – не умирајте од рак – Општина Битола“. Ова е само еден од графитите што осамнаа деновиве на Широк сокак спроти Офицерскиот дом во Битола, откако градот веќе една недела се задушува во смог и е едно од најзагадените места во Европа, јавува дописникот на „Мета“ од Битола. Битолчани регираат дека Општината не презела мерки […]

Избришан графит кој шири говор на омраза во дворот на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

декември 16, 2015

Родител на дете што учи во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје реагирал кај надлежните во училиштето затоа што видел графит со говор на омраза на еден од влезовите во дворот, кај спортската сала. По укажувањето на родителот дека не е во ред децата секојдневно да гледаат порака со говор на омраза, училиштето реагирало и […]

Страна 1 од 1