Видео Битолчани го посипаа со пари градоначалникот Талески

Битолчани го посипаа со пари градоначалникот Талески

Битолчани отпечатија пари со ликот на градоначалникот Владимир Талески, а група граѓани претпладнево, во нова герила-акција, му ги фрлија банкнотите со негов лик за време на посетата на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, пренесе „Сакам да кажам“.

Министерот и градоначалникот на Битола беа да се сликаат на местото каде што се реновира патот Битола – Ресен – Буково.

– Еве му ги парите на градоначалникот – извикуваа неколку битолчани и врз Владимир Талески и врз министерот Мисајловски фрлија лажни книжни пари.

Талески, пак, им рече: „Еве ги овие сношти што не ме најдоа, браво“.

Откако ги фрлија парите со ликот на Талески, битолските герила-активисти застанаа зад градоначалникот и зад министерот и додека фукнционерите даваа изјави за медиумите, држеа транспарент со текст „Честито аболиција“.