Хроника Битолчанец загинал во тешка сообраќајна несреќа

Битолчанец загинал во тешка сообраќајна несреќа

Четириесет и седумгодишeн битолчанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што синоќа, околу 19.40 часот, се случила на магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото Чешмите, пренесуваат медиумите.

Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил, марка „бе-ем-ве“ со битолски регистарски таблички, и камион со албански ознаки.

Возачот на патничкото возило, Б.К. (47), починал на местото на несреќата.

Засега нема информации за причините и за околностите во кои се случила несреќата.