Хроника Битолчанец загинал во сообраќајка вчеравечер

Битолчанец загинал во сообраќајка вчеравечер

Во сообраќајна незгода кај туланата на стариот пат Ѓавато – Тополчани, вчера во 20.35 часот автомобил „ауди“ со битолски регистарски таблички управуван од Р.Г.(40) од Битола излетал од патот, при што возачот го загубил животот.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, по што по наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција.