Хроника Битолчанец почина набоден на рогови од сопствениот бик

Битолчанец почина набоден на рогови од сопствениот бик

Средовечен битолчанец синоќа почина откако бил нападнат од бик од сопственото стадо, сооппшти СВР Битола.

Инцидентот се случил во демирхисарското село Брезово, додека, сега починатиот, Симе Ѓ., го напасувал својот добиток. Бикот, тежок неколку стотици килограми, го нападнал Симе Ѓ., нанесувајќи ми тешки повреди по главата и на телото.

Повредениот маж веднаш бил пренесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, но поради сериозната на повредите бил препратен во Клиничкиот центар во Битола.

– По нападот на бикот, лицето сè уште било во свесна состојба и по мобилен го повикал својот син. Но, откако синот го однел во Здравствениот дом во Демир Хисар, неговата состојба се комплицирала и тој починал на пат за Битола – соопшти портпаролката на СВР Битола, Магдалена Димитровска.
А.Б.