Македонија Бискупот Киро Стојанов денеска ќе ги најави септемвриските „Денови на Мајка...

Бискупот Киро Стојанов денеска ќе ги најави септемвриските „Денови на Мајка Тереза“

Скопскиот бискуп Киро Стојанов  денеска во 11 часот, ќе одржи прес-конференција во бискупската резиденција во Скопје, на која ќе ја презентира програмата за прославата „Денови на блажена Мајка Тереза“.

Настаните ќе се одвиваат од 5 до 11 септември, а се со повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица.

На конференцијата ќе се обрати и Валентина Божиновска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.