Свет Балкан „Билд“: Коваат ли Ципрас и Путин план против Меркел

„Билд“: Коваат ли Ципрас и Путин план против Меркел

Германскиот весник „Билд“, по повод денешната средба во Москва на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на рускиот претседател Владимир Путин, го поставува прашањето дали станува збор за пакт против канцеларката Ангела Меркел.

– Цел свет, сепак, се прашува што навистина планираат Ципрас и Путин со таа своја средба зад ѕидините на Кремљ и тоа пред можниот државен банкрот на Грција – пишува таблоидот, поставувајќи го прашањето дали „коваат“ еден „анти-Меркел“ план.

– Коваат ли поранешните комунисти, можеби, пакт против силната жена на Европската унија – го поставува прашањето таблоидот.

„Билд“ пишува дека за време на средбата на Ципрас е планирано и положување венец на гробот на незнајниот војник, појадок со претседателот, потпишување договор, средба со студентите, со премиерот, но и со патријархот на руската православна црква, Кирил Први.