Магазинот „Форбс“ ја објави листата на првите десет најплатени жени во музичката индустрија за 2014 година. На прво место е пејачката Бијонсе, која заработила 115 милиони долари благодарение на нејзината светска турнеја. Втора на листата е Тејлор Свифт, со заработка од 64 милиони долари, а трета е Пинк со заработени 52 милиони долари. На четврто место е Ријана, а по неа следуваат Кејти Пери, Џенифер Лопез, Мајли Сајрус, Селин Дион, Лејди Гага и Бритни Спирс.