Македонија Бензинот и дизелот повторно певтинуваат

Бензинот и дизелот повторно певтинуваат

Нови намалени цени на горивата ќе има од денеска на полноќ, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се намалува за 1,50 денар за еден литар и ќе изнесува 59 денари.

Цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за 2 денари и ќе изнесува 60,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на „еуродизел“ (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари и ќе изнесува 48,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари и ќе чини  37 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 денари и со тоа неговата цена ќе изнесува 21,282 денари за еден килограм.