Економија Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот за 2 денари

Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот за 2 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари за еден литар, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67 денари за еден литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 69 денари.

Намалувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатите две недели и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.