Забава Бел тартуф продаден за 61.250 долари

Бел тартуф продаден за 61.250 долари

Огромен бел тартуф од Италија, за кој се тврди дека е најголемиот на свет, вчера е продаден на аукција во Њујорк за 61.250 долари, соопшти аукциската куќа „Стебис“.

Тартуфот, тежок 1,89 килограм, го купил купувач кој телефонски учествувал во наддавањето.

Белите тартуфи се едни од најскапите деликатеси на светот.