Спорт Бејл не сака да оди во Манчестер јунајтед

Бејл не сака да оди во Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Реал Мадрид, Гарет Бејл, сака да продолжи да освојува трофеи со овој клуб, истакнувајќи дека не може да се замисли себеси во Манчестер јунајтед.

Последните неколку месеци медиумите пишуваа дека Бејл ќе се врати во Премиер-лигата, а како една од потенцијалните дестинации го споменуваа „Олд Трафорд“.

– Не можам да се замислам себеси во Јунајтед. И во интервјуто што неодамно го дадов ме прашаа дали сум несреќен во Реал, а јас им одговорив дека сум навистина среќен. Освојуваме трофеи и сакам да продолжам во Мадрид – рече Бејл.

Велшанецот јасно стави до знаење дека не размислува за преминување во Манчестер јунајтед.