Македонија Бесими во посета на Европскиот парламент

Бесими во посета на Европскиот парламент

Oд денеска, во посета на Европскиот парламент и на Советот на Европа сe наоѓа вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Тој ќе има одделни средби со европратениците Ричард Ховит, Алојз Петрле, Моника Маковеј, а утре треба да се сретне со известувачот во ЕП за Република Македонија, Иво Вајгл, и претседателот на Комисијата за надворешни работи, Елмар Брок.

Бесими, исто така, ќе присуствува и на 12. Мешовит парламентарен комитет на Република Македонија – Европска Унија, што треба да почне денеска, во Еропскиот парламент и ќе трае до утре напладне.

Тој ќе има средба и со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.