Свет Европа Бегалците ќе можат да влегуваат во Германија само преку пет локации

Бегалците ќе можат да влегуваат во Германија само преку пет локации

Германија соопшти дека барателите на азил ќе можат да влезат на нејзина територија само преку пет места, долж границата со Австрија.

Целта на ваквата политика, која стапува на сила веднаш, е подобра контрола на масовното влегување на бегалците во таа држава. Германија веќе постигнала договор со австриската влада по ова прашање.

Инаку, меѓу двете држави имаше несогласувања, при што германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мазијер, ја критикуваше Австрија за испраќање на бегалците без какво било предупредување.