Видео Бебиња се натпреваруваа кое повеќе ќе плаче

Бебиња се натпреваруваа кое повеќе ќе плаче

Во врескање и во плачење, вчера во Јапонија се натпреваруваа околу сто бебиња, на натпревар кој традиционално се одржува 400 години, бидејќи врекањето и плачењето се смета добро за здравјето.

Во храмот Сенсоџи во Токио, неколкумина сумо-борачи имаа задача да предизвикаат врескање и плачење кај бебињата.

Натправарот се разликува од регион до регион. Во некои натпревари победник е бебето кое прво ќе вресне и ќе заплаче, а во други – бебето кое најдолго и најсилно ќе вреска.

Обичајот е еден сумо-борач да земе бебе в раце и нежно да го тресе сè додека тоа не почне да плаче и да вреска.