Хроника Бебе почина откако се оттргнало од рацете на баба му и паднало

Бебе почина откако се оттргнало од рацете на баба му и паднало

Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри.

Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор.

Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало вчера во 19.10 часот. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.