Македонија Бебе почина од сепса на Детската клиника во Скопје

Бебе почина од сепса на Детската клиника во Скопје

Случајот го обелоденила неговата мајка на социјалните мрежи

Фото: Мета.мк

Бебе старо само десет дена, родено во болница во Прилеп, денеска починало на Детската клиника во Скопје. Случајот го обелоденила неговата мајка на социјалните мрежи. Таа вели дека бебето се родило здраво, а во Скопје било испратено на третмани против жолтица.

Од Детската клиника информираат дека бебето при приемот било во тешка состојба и на кислородна поддршка. На клиниката се лекувало една недела, а првичната дијгноза е дека добило сепса во текот на пораѓањето. Мајката ја обвини прилепската болница за работа во нехигиенски услови.

Директорката на Детската клиника, Стојка Нацева Фуштиќ за МИА потврди дека на Клиниката починало новореденче од сепса, кое било донесено од Прилеп во тешка состојба и со ирегуларно дишење. Нацева Фуштиќ посочува дека причините за неонаталната сепса може да се различни, како предвремено прснат воденик или инфекција на родилните патишта.