Економија Банката за развој на Советот на Европа со 50 милиони евра за...

Банката за развој на Советот на Европа со 50 милиони евра за нашата економија

„Заемот ќе се реализира преку деловните банки, и ќе овозможи полесен пристап до финансии под исклучително поволни услови за микро, малите и средни претпријатија“, велат од Развојната банка на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Македонските претпријатија ќе имаат пристап до нови 50 милиони евра за поттикнување на отворањето нови работни места и инвестирање во основни и обртни средства. Административниот совет на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), на седницата одржана на 16 и 17 ноември 2023 година донел одлука за одобрување на Програмски заем во износ од 50 милиони евра за Развојната банка на Северна Македонија, информираат од оваа банка.

„Заемот ќе се реализира преку деловните банки, и ќе овозможи полесен пристап до финансии под исклучително поволни услови за микро, малите и средни претпријатија, унапредување на нивната конкурентска предност и зајакнување на нивната позиција во создавањето и одржувањето на работните места“, се вели во соопштението од Развојната банка на РСМ.