Свет Бангладеш: Дипломат со 27 килограми злато фатен на аеродром

Бангладеш: Дипломат со 27 килограми злато фатен на аеродром

Севернокорејски дипломат Сон Јан-на денеска е уапсен на аеродромот на бангладешкиот главен град Дака, при обид да прошверцува злато во вредност од 1,4 милиони долари.

Како што соопштија локалните власти, кај првиот секретар на Амбасадата на Северна Кореја се пронајдени 27 килограми злато во форма на прачки и на накит. Тој на аеродром во Дака пристигнал од Сингапур.

Дипломатот е ослободен, но властите во Бангладеш најавија обвинение против него.