Македонија „Баланс“ до Тодоров: Каде исчезна донираниот инсулин, вреден 700.000 евра?

„Баланс“ до Тодоров: Каде исчезна донираниот инсулин, вреден 700.000 евра?

Тестови за дијабетес

Каде исчезна донираниот инсулин, вреден 700.000 евра, за само еден месец и која е причината за нов дефицит, го прашуваат министерот за здравство Никола Тодоров, од здружението на дијабетичари„Баланс“.

Оттаму велат дека повторно во инсулинските аптеки во земјава има недостиг од инсулините „левемир“ и „новорапид“, овојпат надополнето и со недостиг од дијабетски помагала, како што се иглите за инјектирање инсулин и лентите за мерење гликемија.