Економија Автопатот што ги поврзува Македонија и Косово треба да се пушти во...

Автопатот што ги поврзува Македонија и Косово треба да се пушти во октомври

Автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува Косово и Македонија, се очекува да биде пуштен во употреба во октомври, информирал амбасадорот на Косово во Македонија, Илбер Хиса на средбата со министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши и Хиса разговарале за политичката и за економската состојба во двете земји, како и за потребата од проширување на меѓусебната трговска соработка.