Хроника Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

Автомобил усмрти пешак во Ѓорче Петров

А.М.(1990), управувајќи автомобил „цитроен Ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч (1967) на улица Ѓорче Петров кај „Бау маркет“.

По сообраќајната несреќа што се случила синоќа, пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.