Македонија Автомобил падна во Вардар во центарот на Скопје

Автомобил падна во Вардар во центарот на Скопје

Автомобил попладневно паднал во водите на реката Вардар, во непосредна близина на Камениот мост во центарот на Скопје. Засега се знае дека возилото паднало во реката во близина на Владата на Македонија, а зад воланот била млада жена.

Како што велат од Пожарната за „СДК“ во колата нема патници.

-Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот „Жабар“ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови – велат од Бригадата за противпожарна заштита.

Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата.