Македонија Автобусите во Скопје од утре до понеделник по неделен зимски возен ред

Автобусите во Скопје од утре до понеделник по неделен зимски возен ред

Од вторник (9 јануари), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст

Фото: Архива на Мета.мк

За време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, соопшти ЈСП.

Од вторник (9 јануари), автобусите ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

На 7 јануари (недела) нема да работи ниту една билетарница и центар за персонализација, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарницата во Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од вторник (9 јануари) сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.

Жичницата на Водно сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.