Македонија Автобусите на ЈСП за Водици ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на ЈСП за Водици ќе сообраќаат по неделен возен ред

Фото: Арбнора Мемети

Утре, вторник (19.01.2021 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Како што информираат од претпријатието, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.