Македонија Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, која утре ќе работи во периодот од 6 до 13 часот

Фото: Мета.мк

Поради државниот празник Св. Климент Охридски, јавниот превоз во Скопје утре, петок, 8 декември, ќе сообраќа по неделен возен ред, информираше денеска Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје).

Дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, која утре ќе работи во периодот од 6 до 13 часот.

Жичарницата, пак, утре ќе работи од 10 до 17 часот.