Македонија Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред

Фото: Мета.мк

Од денеска, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по вообичаен зимски возен ред, независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст, поради кој во изминативе три недели возниот ред беше редуциран, информираат од таму.

Од вчера од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно.

„Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот. Одлуката ќе важи се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидете известени“, се вели во соопштението.