Македонија За Бадник и Божиќ, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен...

За Бадник и Божиќ, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Фото: Борче Поповски

Поради претстојните празници Бадник (06 јануари) и Божиќ (07 јануари), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од Град Скопје.

„Утре (среда), како дежурни билетарници ќе работат тие лоцирани на Зелениот пазар и Транспортниот центар, кои ќе работат од 07 до 19 часот, додека билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 07 до 13 часот. Во четврток (Божиќ) билетарниците нема да работат,“ се вели во соопштението.