Македонија Автобусите на ЈСП утре ќе возат до 15 часот, потоа од понеделник...

Автобусите на ЈСП утре ќе возат до 15 часот, потоа од понеделник од пет

Фото: Арбнора Мемети

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат до 15 часот, а потоа од понеделник од 5 часот. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб-страницата www.jsp.com.mk.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје. Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, информираат од ЈСП Скопје.