Свет Свет Автобус се заби во подземен премин во Москва – четворица загинати

Автобус се заби во подземен премин во Москва – четворица загинати

Четири лица загинаа откако градски автобус се заби во подземен премин во западниот дел на Москва, јавува „Раша тудеј“.

Несреќата се случила во авенијата Кутузивски, во близина метро станицата Славјански булевар. Во несреќата, како што соопшти полицијата, има и 10 повредени.

Според извори на агенцијата „РИА Новости“, полицијата истражува две причини за несреќата Според едното сценарио, можно е на автобусот да му откажале сопирачките, а според другата, возачот нагло да свртел поради друго возило кое му го попречил патот, поради што завршо во подземниот премин.