Хроника Автобус на ЈСП прегазил жена кај Бит Пазар

Автобус на ЈСП прегазил жена кај Бит Пазар

Засега неидентификувана жена денеска го загубила животот на булеварот Крсте Мисирков кај Бит Пазар, кога автобус на ЈСП удрил во неа, по што жената починала.

Автобусот се движел во правец од џамијата Јаја Паша кон Центар кога околу 12.10 часот удрил во жената. Се очекува увидот да заврши наскоро, велат од СВР Скопје за „Мета“.