Македонија АВМУ бара на новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

АВМУ бара на новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да си ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес како реакција на вчерашната ситуација кога новинар на „ТВ 21“ бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи.

„Улогата на медиумите и отвореноста на институциите кон нив е од клучно значење во современите демократски општества бидејќи само на тој начин се овозможува отворање и учество во пошироки јавни дебати, слободно создавање на јавното мислење и формирање критички ставови“, велат од АВМУ.