Свет Балкан Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Варшава

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Варшава

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 332 патника и членови на екипажот, принудно слетал на меѓународниот аеродром „Фредерик Шопен“ во Варшава, соопшти аеродромската управа.

– „Боинг 777-300“ безбедно слета, а патниците се евакуирани – соопшти портпаролот на аеродромот во Варшава, притоа одбивајќи да ги открие причините за принудното слетување на авионот, кој од Истанбул летал за Сан Франциско.

Во тек е проверка на авионот, која ја наредиле надлежните служби. Во меѓувреме, локалната станица „Ти-Ви-Ен 24“ јави дека во авионот е забележан сомнителен пакет.