Спорт Спорт Свет Атланта го победи Мајами, Антиќ постигна три поени

Атланта го победи Мајами, Антиќ постигна три поени

Алтанта Хоукс го совлада Мајами Хит со 114:103

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна три поени, имаше три скока и една асистенција во победата на Атланта хоукс над Мајами хит со 114:103. Осум играчи кај Атланта постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасни беа Хорфорд и Милсап, секој со 19 поени.

Во редовите на Мајами најуспешен беше Чалмерс со 23 поени и со 11 асистенции.

Сан Антонио славеа против ЛА лејкерс со 93-80. Данкан, Џозеф и Леонард предводеа во триумфот на „спарси“, додека на спротивната страна, Коби Брајант постигна само девет поени. Леброн Џејмс на гостувањето кај Бостон селтикс постигна 41 поени и имаше седум асистенции за победа на Кливленд со 122:121.

Резултати:
Индијана – Денвер 87-108
Орландо – Милвоки 101-85
Атланта – Мајами 114-103
Бостон – Кливленд 121-122
Њујорк – Јута 100-102
Хјустон – Филаделфија 88-87
Њу Орлеанс – Минесота 139-91
Оклахома – Детроит 89-96 (по прод.)
Феникс – Шарлот 95-103
ЛА лејкерс – Сан Антонио 80-93