Економија Асоцијацијата на менаџери ќе бара поголеми права за тие што го полнат...

Асоцијацијата на менаџери ќе бара поголеми права за тие што го полнат буџетот

Се формираше Асоцијација на менаџери на Македонија, а нејзин претседател е Зоран Витанов.

Според него, време е во земјата клучниот збор да го имаат тие што го полнат буџетот, наместо тие што го празнат.

Асоцијацијата на менаџери на Македонија ќе работи во координација со менаџерските организации од земјите во регионот, преку промоција на развој на лидерски и на менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за понатамошен општествен и економски препород на регионот.