Свет Европа Асанж бара азил во Франција

Асанж бара азил во Франција

Како што јави весникот „Ле Монд“ денеска, контроверзниот основач на „Викиликс“ бара азил во Франција.

“Мојот живот е во опасност, господине претседател, а мојот физички и психолошки интегритет се загрозени“, му напиша тој на Франсоа Оланд во отворено писмо, напишано од еквадорската амбасада во Лондон каде престојува.

„Само Франција е во можност да ми ја понуди потребната заштита од политичкиот прогон на кој сум предмет“, пишува Асанж.

„Викиликс“ неодамна објави дека САД ја шпионирале француската држава.