Свет Асад ја обвини Турција дека намерно ги пропушта терористите во Сирија

Асад ја обвини Турција дека намерно ги пропушта терористите во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ја обвини Турција дека „намерно ги игнорира терористите на Исламска држава“, додека тие се обидуваат да ја минат границата меѓу двете држави и да влезат во Сирија.

Асад, во интервјуто за „Си-Би-Ес“, го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека не само што не го спречува преминувањето на терористите од Турција во Сирија, туку оти ѝ дава и активна поддршка на Исламска држава.

Според Асад, ИД го шири своето влијание во Сирија и благодарение на Ердоган, кого го нарече „фанатик на Муслимански браќа“.