Македонија Арт-базар по повод празниците на виното и на љубовта

Арт-базар по повод празниците на виното и на љубовта

По повод празникот на виното, Свети Трифун, и празникот на љубовта, Свети Валентин, денеска и утре на Скопскиот саем ќе се одржи првиот Арт-базар – Дизајн со љубов.

На настанот, кој има промотивен и продажен карактер, ќе бидат презентирани рачно изработени предмети од сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и од друг вид материјали.

Базарот, кој е со слободен влез, го организираат Скопски саем, Занаетчиска комора на Скопје и Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА).