Економија Арапски инвеститори го купија Скотланд јард

Арапски инвеститори го купија Скотланд јард

Скотланд јард, седиштето на лондонската полиција, кое е едно од најпознатите во светот, е продадено на инвеститори од Персискиот Залив, соопшти канцеларијата на лондонскиот градоначалник.

Во соопштението од канцеларијата на градоначалникот се наведува дека финансиска групација од Абу Даби платила 370 милиони фунти, што е за 120 милиони повеќе од бараната сума. Зградата, како што е најавено, ќе биде „станбен објект со мешовит карактер“.

Полицијата, според планот, се сели во помала зграда, за да ги намали трошоците. На новата локација, полицијата ќе го задржи својот карактеристичен ротирачки симбол „Нов Скотланд јард“, кој стои пред зградата, која е изградена во 1960 година.