Технологија Гаџети Апликацијата „фејсбук“ ви ја празни батеријата

Апликацијата „фејсбук“ ви ја празни батеријата

Компанијата „АВГ“, која се занимава со заштита на уредите од вируси, објави листа на најлоши мобилни апликации за батеријата на паметните телефони и за севкупната работа на уредот, а апликацијата „фејсбук“ е прогласена за најлоша.

„АВГ“ откри дека мобилната апликација на „Фејсбук“ најнегативно влијае на работата на паметниот телефон и оти е трет најголем виновник за трошење на батеријата и на интернетот.

Сепак, добра работа е што на мора да ја користите апликацијата „фејсбук“ за да уживате во сето тоа што социјалната мрежа го нуди на телефон. Наместо да се користи апликацијата, подобро е да се користи интернет-прегледувачот за да се „сурфа“ на социјалната мрежа. На тој начин се сочувува батеријата и интернетот, велат од компанијата.