Хроника Апелација ја потврди пресудата за фризерката што продавала непостоечки станови

Апелација ја потврди пресудата за фризерката што продавала непостоечки станови

Апелацискиот суд – Скопје ја потврди првостепената пресуда со која фризерката Благица Доневска во март минатата година беше осудена на затворска казна од осум и пол години за измама со продажба на станови, пишува порталот „Академик“.

Судот, како што пренесува порталот, ја одбил и жалбата на таткото на Дончевска, Ацо Вељановски, кој е осуден на четири и пол години затвор за помагање. Тие, според пресудата, ќе мора солидарно да ја надоместат и штетата од 750.000 евра на измамените купувачи.

Скопската фризерка Благица Дончевска беше уапсена во март 2013 година. Таа беше осомничена дека претставувајќи се како лице ангажирано во владин проект за станови, наменети за млади брачни двојки, социјални случаи и за лица со посебни потреби, довела во заблуда 42 лица. Дончевска им наплаќала на оштетените од 15.000 до 30.000 евра за станови што не постојат, а парите, според обвинението, биле уплаќани на сметката на нејзиниот татко, пишува „Академик“.