Македонија Апелација потврди, велешанката Пале Иловска ослободена од вина за убиството на насилниот...

Апелација потврди, велешанката Пале Иловска ослободена од вина за убиството на насилниот партнер

Фото: Онлајн петиција Sloboda za Pale Ilovska

Велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес, и одговараше за кривично дело убиство во миг, е целосно ослободена од обвинението.

Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Скопскиот Апелационен суд денес ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова.

Со оваа одлука, Илиовска, е целосно ослободена од вина.

Минатата година во февруари, кога ја изрекуваше ослободителната пресуда, судијката Габриела Гајдова наведе дека Илоска била доведена во животозагрижувачка состојба, бидејќи во моментот на одбрана била давена и малтретирана од страна на нејзиниот невенчан сопруг и дека со ДНК-то што било пронајдено под ноктите на покојниот полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел.

Случајот на Пале Илиовска предизвика бурни реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет.